Заврши реконструкцијата на булеварот „Видео Смилевски-Бато“
- Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација заврши целосната реконструкција на коловозот од булеварот „Видое Смилевски Бато“ во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром. На поте
Скопје, 24 октомври 2020 (МИА) - Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација заврши целосната реконструкција на коловозот од булеварот „Видое Смилевски Бато“ во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром.
На потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до булеварот „Февруарски поход“, во должина од 700 метри во двете насоки, освен обнова на асфалтот, беше направена и нивелација на постојните шахти и сливници за одведување атмосферска вода, како и замена на оштетените рабници на булеварот.
- Град Скопје со оваа реконструкција направи уште еден градежен зафат што во иднина ќе влијае врз олеснувањето на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, бидејќи со целосната реконструкција на булеварот Февруарски поход, завршувањето на првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, како и градбата на новиот мост од улица Васко Карангелевски кон Ќерамидница, граѓаните ќе добијат уште една сообраќајна алтернатива за намалување на времето што го поминуваат во возилата, се наведува во денешното соопштение од Град Скопје. бак/