• вторник, 03 февруари 2026

Заврши групната фаза во УЕФА Лига Европа – Глазгов Ренџерс на Миовски ги заврши натпреварувањата

Заврши групната фаза во УЕФА Лига Европа – Глазгов Ренџерс на Миовски ги заврши натпреварувањата

Скопје, 30.јануари 2026 (МИА) – Со одигрувањето на синоќешните 18 натпревари од осмото коло Лига Европа заврши групната фаза од ова натпреварување. Глазгов Ренџерс на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски загуби на гостувањето кај Порто со 3:1 и не се пласираше во следната фаза (го освои 32.место), додека од регионот три екипи изборија учество во 1/16 финалето: Црвена Звезда, Лудогорец и Динамо Загреб. 

Според пласманот осумте првопласирани екипи изборија директно осминафинале, а тоа се: Олимпик Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома. Една рунда повеќе или 1/16 финале изборија: Генк, Болоња, Штутгарт, Феенорд, Нотингем Форест, Викторија Плзен, Црвена Звезда, Селта, ПАОК, Лил, Фенербахче, Панатинаикос, Селтик, Лудогорец, Динамо Загреб и Бран.

Извлекувањето на двојките ќе се одржи денеска во Нион со почеток во 13 часот. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан