• недела, 22 декември 2024

Забрчанец: Демократи, спротиставете се, одбијте ги овие црни анти-македонски сценарија

Забрчанец: Демократи, спротиставете се, одбијте ги овие црни анти-македонски сценарија
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Вергините, маскираните и русјаците ни ја палат државата. Не, тоа не се граѓански протести, тоа се насилства кои имаат една цел: Македонците да страдаат и да не одат напред со европскиот современ свет, напиша вечерва на Фејсбук, владиниот национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец.
-Демократи, спротиставете се, одбијте ги овие црни анти-македонски сценарија.
Оваа власт покажала и докажала дека демократскиот глас е исклучително важен и дека македонските идентитетски црвени линии никогаш не се и нема да бидат предмет на преговори, нагласи тој во објавата. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан