• вторник, 02 јули 2024

Забранет сообраќај за товарни возила на Плетвар, Стража и крак Маврово - Дебар

Забранет сообраќај за товарни возила на Плетвар, Стража и крак Маврово - Дебар
Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) - Поради снежни врнежи, вечерва од 20:35 часот е воведена забрана за движење на товарни моторни возила и на превојот Плетвар, на регионалниот пат Велес - Прилеп и обратно. Како што соопшти АМСМ, во 17:50 часот беше воведена забрана за товарни возила и на патниот правец крак Маврово - Дебар и од  18:50 часот на патниот правец Гостивар- Кичево преку планинскиот премин Стража. хс/дма/

Остани поврзан