• понеделник, 25 ноември 2024

Забрана за собирање на Водно во ноќните часови

Забрана за собирање на Водно во ноќните часови
Скопје, 19 март 2020 (МИА) - Владата го разгледа и го усвои записникот од четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирусот. Во записникот е наведено дека се забранува пристапот на лица и возила во Парк шумата „Водно“, секој ден од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден. За оваа цел, се задолжува Министерството за внатрешни работи со патролни возила да го затвори пристапот кон Парк шумата „Водно“. Исто така се забранува собирање во група повеќе  од пет лица во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел се задолжуваат МВР и Армијата на Република Северна Македонијада ги разбијат овие групии да ги интензивираат теренските контроли. дма/ац/

Остани поврзан