• вторник, 24 декември 2024

Забрана за емитување на германска верзија од руски канал во Германија

Забрана за емитување на германска верзија од руски канал во Германија
Берлин, 2 февруари 2022 (МИА) - Се забранува емитување на германската верзија од рускиот канал РТ (поранешна Раша Тудеј) во земјата, соопшти денеска германскиот медиумски регулатор. - Забрането е емитување на телевизиската програма РТ ДЕ, која сè уште може да се гледа на веб страницата и мобилната апликација. Причината е тоа што неопходното овластување, согласно законот за медиуми, не е ниту побарано, ниту доделено, наведуваат од федералната агенција ЗАК. На 17 декември, германскиот медиумски регулатор МАББ започна истрага против RT DE Productions GmbH, откако РТ го објави лансирањето на новинскиот канал на германски јазик RT DE. бд/ссм/

Остани поврзан