• петок, 05 декември 2025

Жоао Педро од Брајтон премина во Челзи

Жоао Педро од Брајтон премина во Челзи

Мајами, 2.јули 2025 (МИА) - Бразилецот Жоао Педро е новиот напаѓач на „сините“ од Лондон и на тимот ќе му се приклучи веднаш пред четвртфиналето од Светското клупско првенство на ФИФА против Палмеирас. Тој со Челзи потпиша долгорочен договор до 2033 година

- Сите знаат дека ова е голем клуб со одлична историја. Во минатото имале одлични играчи, а имаат и сега. Возбуден сум што сум член на Челзи и кога сте играч на овој клуб мора да мислите само на едно нешто - тоа е победата, изјави Жоао Педро. 

Почетоците на кариерата му беа во Флуминенсе, а во Англија првиот клуб му беше Вотфорд, каде повремено беше и капитен. За премиерлигашот Брајтон одигра 58 натпревари постигна 19 голови и беше најдобар стрелец во клубот. 

Жоао Педро има одиграно и три натпревари за бразилската репрезентација.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан