• сабота, 06 декември 2025

Жителите на општина Карпош ќе одлучат за реконструкција на улица „Париска“  

Жителите на општина Карпош ќе одлучат за реконструкција на улица „Париска“  
Скопје, 12 јануари 2021 (МИА) -  Во рамки на Проетот за поврзување на локални патишта при Министерството за транспорт и врски, финансиран од Светска банка, Општина Карпош ја доби реконструкцијата на улицата „Париска“, во населбата Тафталиџе 1. -Учеството на граѓаните во текот на изведбата на локалните инфраструктурни проекти во сите фази на изведба е особено важно, како за Општината, така и како предуслов за транспарентност по критериумите на Светска банка, информираат од општината. Општина Карпош креираше јавно достапен Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот, кој граѓаните од овој дел на Карпош и сите кои се засегнати со реконтрикцијата на оваа важна сообраќајница ќе можат да го пополнат и преку него да ги достават своите забелешки. Образецот може да се пополни по електронски пат, на веб-страната на Општината  или во просториите на урбаната заедница Тафталиџе 1 (на ул. „Букурешка“ бр.2), во периодот од 07:30 до 15:30 часот. ки/ац/

Остани поврзан