• среда, 27 ноември 2024

Жителите на Ново Маало повторно излегоа во знак на поддршка за предвидениот проект спроти „Холидеј ин“

Жителите на Ново Маало повторно излегоа во знак на поддршка за предвидениот проект спроти „Холидеј ин“

Скопје, 15 април 2021 (МИА) – Жителите на населбата Ново Маало, која се наоѓа во општина Центар денеска повторно излегоа да го поддржат проектот што е предвиден да се гради на парцелата спроти „Холидеј ин“, во инвестиција на „МГ Фешн“. 

Жителите не ја поддржуваат петицијата против изградба на висококатниците спроти Холидеј Ин, што граѓаните ја започнаа и велат дека кога проектот ќе започне да се гради ќе остварат состанок со инвеститорот, со цел да започнат преговори за да добијат живеалиште од предвидениот проект. 

Како што посочија жителите од населбата, тие се наоѓаат во центарот на главниот град Скопје, што заслужува да биде обновен со модерни градби што му доликуваат на градот.  

Проектот предвидува изградба на три згради со 15, 20 и 25 ката, со 400 станови во кои се очекува да живеат околу 1.200 жители. Предвидени се и 1.000 паркинг места, зелена површина од 6.520 метри квадратни, додека вкупната површина на градбата е 13.654 метри квадратни. ки/ац/

Остани поврзан