• вторник, 26 ноември 2024

Е.Д.Е.Н. почнува акција на доделување 500 вегански оброци на загрозени категории на граѓани

Е.Д.Е.Н. почнува акција на доделување 500 вегански оброци на загрозени категории на граѓани
Скопје, 19 мај 2020 (МИА) - Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. во соработка со „Веган 365 Кујна“ до крајот на месецот и во јуни ќе додели вкупно 500 вегански оброци на загрозени категории на граѓани на територија на Град Скопје, информираат од Е.Д.Е.Н. Оваа акција е во рамки на проектот „Промени ја исхраната, промени го светот“, поддржан со ад хок грант од програмата „Цивика мобилитас“. -Целта е да се намалат последиците предизвикани од Ковид-19 кризата, така што ќе се задоволат дел од основните човекови потреби кај социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани, особено кај семејствата каде што или еден или повеќе од членовите изгубиле работа. Е.Д.Е.Н. ќе дели балансирани и хранливи вегански оброци изработени со љубов и посветеност од целосно природни и здрави состојки. Свесни сме дека храната е еден од најважните фактори кои влијаат врз човековото здравје, но и врз животната средина и врз животните, затоа Е.Д.Е.Н. цели кон редуцирање на антропогениот притисок врз животната средина и животните предизвикан од исхраната со животински продукти, велат од здружението. Тие информираат дека акцијата за донирање 500 вегански оброци ја започнуваат во соработка со „Една може“ и ќе бидат доделени вегански оброци на самохрани мајки и еднородителски семејства на територија на Град Скопје. Од здружението потсетуваат дека постојат научни истражувања кои утврдиле дека веганската исхрана позитивно влијае врз човековото здравје.ир/са/  

Остани поврзан