• петок, 22 ноември 2024

ЕХФ-куп: Македонските ракометарки поразени од Црна Гора

ЕХФ-куп: Македонските ракометарки поразени од Црна Гора
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Црна Гора со 29:21 (13:9) во првиот од двата меѓусебни дуели на стартот од ЕХФ-купот. Македонските ракометарки беа рамноправни на теренот во воведните 20 минути по што Црногорките со четири последователни голови резултатски се одвоија на 11:7 и ја задржаа до полувремето предноста од четири голови разлика. Црногорската репрезентација ја оправда фаворитската улога и констатно го зголемуваше водството во второто полувреме, кое го одбележа влегувањето во игра во финишот на натпреварот на 14-годишната дебитантка во македонскиот дрес Ива Младеновска. Најефикасна во македонските редови беше Сара Ристовска со шест гола. Реваншот е на програмата в недела во Никшиќ со почеток од 20:30 часот. ег/аа/

Остани поврзан