• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија

ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија
Брисел, 28 февруари 2022 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков е еден од 26-те истакнати личности на кои Европската унија им воведе санкции поради руската инвазија врз Украина, се наведува во одлуката објавена во службениот весник на Унијата. На списокот се наоѓаат олигарси и бизнисмени кои работат во нафтениот, банкарскиот и финансискиот сектор, но и членови на руската Влада, високи воени лица и „пропагандисти кои придонеле за ширење на антиукраинската пропаганда“, се вели во соопштението на ЕУ. Меѓу санкционираните се Игор Сечин, директор на руската државна нафтена компанија Роснефт, и извршниот директор на енергетскиот гигант Транснефт, Николај Токарев. Олигарсите Алишер Усманов, Пјотр Авен, Александар Пономаренко и банкарот Михаил Фридман, исто така, се наоѓаат на списокот. Санкции се воведени и против рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко, други членови на руската влада и истакнати новинари. Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имот или забрана за пристап до имот. На „црната листа“ се најде и осигурителната компанија СОГАЗ. гт/

Остани поврзан