• петок, 22 ноември 2024

ЕСЧП побара од Русија да нема смртна казна за двајцата Британци

ЕСЧП побара од Русија да нема смртна казна за двајцата Британци
Стразбур, 30 јуни 2022 (МИА) - Издадена е наредба Русија да обезбеди да нема смртна казна за двајцата Британци, заробени по борбата во Украина, соопшти денеска Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Претходно месецов, суд во самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина ги осуди на смрт британските државјани Ајден Аслин и Шон Пинер, обвинувајќи ги за „платенички активности“. ЕСЧП информираше за издадената наредба за привремена мерка до Русија, барајќи „да обзбеди да не биде извршена смртната казна изречена на подносителите на барањата и да обезбеди соодветни услови за нивниот притвор и да им ја даде сета потребна медицинска помош и лекови“. Семејствата на Британците негираат дека тие двајца, ангажирани во украинските вооружени сили, биле платеници. Досега, Велика Британија одбиваше јавно да го допре прашањето со властите во Доњецк, чија независност ја признава само Русија, тврдејќи оти се надева дека Киев може да обезбеди тие да бидат пуштени на слобода. бд/сд/

Остани поврзан