• недела, 29 декември 2024

Естонија и Летонија потпишаа договор за купување германски противвоздушен ракетен систем

Естонија и Летонија потпишаа договор за купување германски противвоздушен ракетен систем

Берлин, 11 септември 2023 (МИА) - Естонија и Летонија денеска потпишаа договор со Германија за купување ракетен систем за противвоздушна одбрана со среден дострел, кој го отвора патот на двете балтички земји да се приклучат на заедничкиот систем за противвоздушна одбрана предложен од Германија минатата година.

Договорот е потпишан на состанокот на министрите за одбрана во германскиот град Ретенбах и вклучува, како што изјавија официјални лица, продажба на одбранбените системи ИРИС-Т во вредност од една милијарда евра, произведени од германската компанија Диел дифенс.

Естонија и Летонија претходно потпишаа писма со намери да се приклучат на иницијативата „Скај штит“, заеднички систем за противвоздушна одбрана предложен од Германија во 2022 година по почетокот на руската војна против Украина. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан