• понеделник, 23 декември 2024

Еспирито Санто потврди: Жота оди во Ливерпул

Еспирито Санто потврди: Жота оди во Ливерпул
Вулверхемптон, 19 септември 2020 (МИА) - Менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто го потврди трансферот на Диого Јота во Ливерпул. 23-годишниот Португалец ќе премине во шампионот за околу 45 милиони фунти. - Ливерпул ќе има одличен играч и човек. Оваа зделка е добра за секого. Диого беше навистина среќен тука, но нормално е играчите да прифаќаат нови предизвици, изјави денес Санто. Како дел од зделката, тимот од Мерсисајд го продаваат 18-годишниот холандски дефанзивец Ки-Јана Хувер на „волците“, чија цена може да порасне на 13,5 милиони фунти. „На Ки му претстои светла иднина“, рече менаџерот на „волците“. Двата клуба сè уште официјално не ги објавија предметните трансфери.

Тагови

Остани поврзан