• понеделник, 23 декември 2024

Есеј на Томислав Османли објавен во српското списание „Екерман”

Есеј на Томислав Османли објавен во српското списание „Екерман”
Скопје, 1 мај 2020 (МИА) - „Возвишеното: супра-естетички аспект“ е есејот на македонскиот писател Томислав Османли што е објавен во најновиот број на српското книжевно списание „Екерман”.

Во есејот, како што наведува писателот, станува збор за давање свој одговор на прашањето што претставува Возвишеното. Низ анализата на поголем број примери на цивилизациски наративи на кои им се припишува величественост, авторот го гради својот есеистички став и го дава својот одговор.

Османли е автор на голем број есеи објавувани низ македонскиот пачат и теоретската периодика, како и на неколку книги есеи: „Медиумот што недостасува”, урбани есеи, изд. „21”, „Ослушнувања во глуво доба”, политички есеи, изд. „21”, студијата „Граѓански простор“, студија, „Блесок“. бт/бак/

Остани поврзан