• вторник, 24 декември 2024

Ерменско-азербејџански преговори за Нагорно Карабах идната седмица во Брисел

Ерменско-азербејџански преговори за Нагорно Карабах идната седмица во Брисел
Ереван, 31 март 2022 (МИА) - Ерменскиот претседател Никол Пашинијан денеска изјави дека на 6 април во Брисел ќе се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, на преговори за решавање на повеќедеценискиот конфликт меѓу двете земји за регионот Нагорно Карабах. Спротивставените страни овој месец повторно почнаа со оружени судири што се закануваа т да го нарушат примирјето во регионот постигнато по војната во 2020 година. Минатата седмица во оружени судири беа убиени тројца војници. - Се надевам дека на овој состанок ќе разговарам со претседателот на Азербејџан и ќе се договорам за сите прашања поврзани со почетокот на преговорите за мировен договор, изјави Пашинијан на денешната владина седница. Тој рече дека Ерменија е „подготвена за итен почеток на мировните преговори“. Повеќе од 5.500 војници загинаа во војната во 2020 година што заврши со мировен договор со посредство на Русија, кој ја призна победата на азербејџанските сили. аб/

Остани поврзан