• понеделник, 23 декември 2024

Ердоган: Турција ќе му одржи лекција на Хафтар ако продолжи со нападите

Ердоган: Турција ќе му одржи лекција на Хафтар ако продолжи со нападите
Анкара, 14 јануари 2020 (МИА) - Турција нема да се воздржи да му „одржи лекција“ на командантот на Либиската национална армија, Калифа Хафтар доколку продолжи со нападите врз меѓународно признатата Влада во Триполи на Фајез Сараџ, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој во својот говор истакна дека „пучистот Хафтар побегнал“ вчера од Москва, поради што мировните преговори меѓу него и Сараџ не успеале да доведат до прекин на огнот, со цел да заврши девет месечниот судир поради главниот град Триполи. Разговорите траеле осум часа со посредство на Русија и Турција, а лидерот на Либиската национална армија изјави дека не го потпишал мировниот договор со Владата за национално единство бидејќи биле игнорирани некои барања на ЛНА. Според Скај њуз, Хафтар барал да и се дозволи на неговата војска да влезе во Триполи и да формира влада на национално единство која ќе добие доверба од Парламентот, како и надгледување на примирјето но без учество на Турција. гт/

Остани поврзан