• вторник, 24 декември 2024

Ердоган се сретна со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина

Ердоган се сретна со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина
Бања Лука, 6 септември 2022 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Сараево имаше средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, Милорад Додик и Жељко Комшиќ. Ердоган беше пречекан пред зградата на Претседателството со највисоки воени почести. Медиумите пишуваат дека со аплауз го поздравиле неколку стотици граѓани. Тој во еднодневна официјална посета на Босна и Херцеговина стигна во придружба на повеќе министри од турската Влада. Планирано е турскиот претседател да ги посети и Србија и Хрватска. - Со одржување на нашите длабоки пријателски и историски врски со балканските земји, настојуваме да спречиме тензии. Турција ја следи политиката што поддржува стабилност и развој на Балканот и неговиот евроатлантски интегративен процес, изјави Ердоган пред да ја започне тридневната регионална турнеја. бд/

Остани поврзан