• понеделник, 23 декември 2024

Елмас со Наполи обезбеди нокаут фаза во Лига Европа

Елмас со Наполи обезбеди нокаут фаза во Лига Европа
Неапол, 10 декември 2020 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас обезбеди пласман со Наполи во шеснаесетфиналето во Лига Европа во драматична разврска вечерва во Ф-групата. Во својот прв натпревар на преименуваниот „Стадион Диего Армандо Марадона“ во Неапол, фудбалерите на Наполи одиграа 1:1 против Реал Сосиедад, но се пласираа во нокаут фазата благодарение на поразот на АЗ Алкмар на гостувањето кај Риека од 2-1. Двата натпревари имаа драматична завршница во која Реал Сосиедад со голот на Бразилецот Вилиан во 92 минута стигна до бод против Наполи, откако претходно Пјотр Зјелински донесе предност за домаќините во 35. минута. Резултатот на крајот се покажа доволен за пласман во завршницата за двете екипи, откако на вториот натпревар во Ф-групата, последното пласираната Риека со гол во 97 минута славеше со 2-1 над Аз Алкмар, исфрлувајќи го холандскиот тим од Лига Европа. Елмас влезе во игра во тимот на Наполи во 74 минута на местото на стрелецот Зјелински, додека неговиот репрезентативен колега Дарко Велковски остана на клупата за резервни играчи кај Риека. ег/ир

Остани поврзан