• недела, 17 ноември 2024

Елисејска палата: Макрон побара од Путин веднаш да ја прекине офанзивата во Украина

Елисејска палата: Макрон побара од Путин веднаш да ја прекине офанзивата во Украина
Париз, 24 февруари 2022 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин побарал „итен прекин“ на офанзивата во Украина, соопшти вечерва Елисејската палата. - Претседателот Макрон му се јави на Владимир Путин, од кого побара итен прекин на руските воени операции, потсетувајќи дека Русија е изложена на огромни санкции, соопшти француското претседателство, додека Макрон учествува на вонредниот европски самит во Брисел. Кремљ претходно соопшти дека двајцата претседатели имале „сериозна и искрена размена на мислења за ситуацијата во Украина“. Путин детално ги објаснил причините за инвазијата, се додава во соопштението. Двајцата претседатели се согласиле да останат во контакт. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан