• петок, 05 декември 2025

Елиминација за Ивановски на стартот од Челинџерот во Франција

Елиминација за Ивановски на стартот од Челинџерот во Франција

Троа, 1.јули 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер турнирот во францускиот град Троа во првото коло откако денес загуби од вториот носител домашниот играч Калвин Емери со 2-0 во сетови (7:6(6) и 6:4) по два часа игра.

Во првиот сет ниту еден од тенисерите не успеа да дојде до брејк, а Ивановски во осмиот гем спаси четири брејк топки. Во тај брејкот Ивановски на сервис на ривалот имаше сет топка, но сепак сетот со 8:6 на поени го освои Емери. Во вториот сет Французинот направи брејк во петтиот гем за водство од 3:2 во гемови.

Ивановски следната недела го очекува настап на Челинџер турнирот во романскиот град Јаши.  мн/

Фото: МТФ

Остани поврзан