• петок, 05 декември 2025

ЕК изрази солидарност со Словачка по денешната железничка несреќа 

ЕК изрази солидарност со Словачка по денешната железничка несреќа 

Брисел, 13 октомври 2025 (МИА) - Европската комисија изрази солидарност со словачкиот народ во врска со денешната железничка несреќа во Словачка.  

- Нашите мисли се со сите повредени, нивните најблиски и со оние кои работат на расчистување на местото на настанот. Се придружуваме кон надежите на словачката Влада за целосно и брзо закрепнување на сите повредени, изјави главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо. 

Најмалку 100 лица се повредени по судирот на два воза во Словачка, што се случил околу 10 часот на место каде што се вкрстуваат две железнички пруги. Од силата на ударот вагоните излетале од шините, а еден од нив останал да виси над длабок ров. Причината за судирот се истражува. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан