• петок, 05 декември 2025

Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати

Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати

Синсинати, 10.август 2025 (МИА) - Бранителот на пехарот на Мастерс турнирот во Синсинати Италијанецот Јаник Синер избори пласман во третото коло. Тој на теренот мина 59 минути совладувајќи го Колумбиецот Даниел Галан со 2:0 во сетови (6:1 и 6:1). 

Ова беше првиот меч за Синер по освојувањето на титулата на Вимблдон пред еден месец. 

И на женскиот дел од турнирот имаше две експресни победи.

Шампионката на Вимблдон полската тенисерка Ига Швјонтек ја совлада Анастасија Потапова од Русија со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4) за 73 минути, додека Марта Костјук од Украина на Германката Татјана Марија и препушти само еден гем за 51 минута - 2:0 во сетови (6:0 и 6:1).   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан