• сабота, 23 ноември 2024

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушен потпорен ѕид во Пинтија

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушен потпорен ѕид во Пинтија
Скопје, 29 мај 2022(МИА)-Екипи на ЈП Улици и патишта - Скопје денеска веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување. -Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата, информираат од Град Скопје. Оттаму соопштуваат дека дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.ир/са/  

Остани поврзан