• четврток, 04 декември 2025

Един Џеко највозрасен стрелец во УЕФА Конференциската лига

Един Џеко највозрасен стрелец во УЕФА Конференциската лига

Фиренца, 24.октомври 2025 (МИА) – На синоќешните дуели од УЕФА Конференциската лига тетовска Шкендија ја оствари првата победа, а репрезентативецот на БиХ Един Џеко постави рекорд.

Тој беше стрелец на еден од головите на неговиот тим против Рапид Виена, кој Фиорентина го доби со 3:0. Џеко го постигна вториот гол на почетокот на вториот дел со што и практично беше решен победникот на дуелот.

Со постигнатиот гол капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина стана највозрасниот фудбалер што постигнал гол во ова натпреварување со 39 години и 220 дена. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан