• недела, 22 декември 2024

Еден вод и хеликоптер со посада од Армијата ќе бидат испратени во поддршка на гасење пожари во Грција

Еден вод и хеликоптер со посада од Армијата ќе бидат испратени во поддршка на гасење пожари во Грција
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, на денешната 63-та седница донесе одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на гасење на пожари, во Грција. Како што соопштија од владината прес - служба, се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење на пожар. - Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението. цр/мс/

Остани поврзан