• сабота, 18 мај 2024

Египетски медиуми: Во Каиро во тек разговори на посредници со Хамас за Газа

Египетски медиуми: Во Каиро во тек разговори на посредници со Хамас за Газа

Каиро, 7 мај 2024 (МИА) - Египетски државни медиуми вечерва јавија дека посредници од Катар, САД и Египет имаат средба во Каиро со делегација на Хамас во најнови напори за примирје во Газа.

„Катарската и американската делегација ги продолжуваат разговорите со египетската делегација и со онаа на Хамас“, јави Ал Кахера њуз, сајт поврзан со египетските разузнавачки служби, цитирајќи „висок функционер“. Во извештајот не се споменува учество на Израел во разговорите, пренесоа француските медиуми. зш/

Остани поврзан