Египетскиот репрезентативец Калес Вахид нов ракометар на Еурофарм Пелистер
- Актуелниот македонски ракометен првак Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за следната сезона со египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид.
Битола, 16 јуни 2025 (МИА) – Актуелниот македонски ракометен првак Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за следната сезона со египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид.
Дваесетишестгодишниот кружен напаѓач се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од редовите на првакот на Турција, Бешикташ.
Корпулентниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп.
Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола, соопшти Еурофарм Пелистер. ег
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук