• понеделник, 23 декември 2024

Европски Сојуз за Променa: Стево Пендаровски на најнепожелен начин го заврши мандатот

Европски Сојуз за Променa: Стево Пендаровски на најнепожелен начин го заврши мандатот

Скопје, 19 декември 2023

Како што знаат граѓаните, претседателот Пендаровски отсекогаш се прикажувал како претседател на сите, но реално не направи многу за да го заслужи овој атрибут.

Претседателот Пендаровски го слушнавме многупати како зборува за мултиетнички вредности, но кога требаше да докаже дека навистина верува во тие вредности, го докажа спротивното. Тој жестоко реагираше против химната на албанското знаме на албанските собири, дури не се двоумеше да ја нарече шовинистичка таквата акција, но никогаш не го слушнавме да реагира против каква било вистинска шовинистичка акција, како што се неодамнешните протести и отпорот за отворање на албанскиот паралелки во Општина Чашка.

Го слушнавме стотици пати како зборува против корупцијата, но неговиот молк и незаинтересираност за проширување на црната листа на функционери од Северна Македонија, особено неговиот указ за измените на Кривичниот законик, амнестија на криминалот и државната корупција, го натераа повеќе да наликува на неговиот претходник од претседател кој стои во првите редови во борбата против корупцијата.

Го слушнавме како зборува за демократски вредности и интеграција, но не го слушнавме да каже ниту збор за прашањето за опозиционерот во ДИК, што е фундаментално за слободни и демократски избори.

Тој молчеше и за скандалозниот извештај за напредокот на РСМ, како и за критиките на Европската комисија за злоупотреба на знамето на ЕУ, што доволно говори за интеграцијата на земјата во ЕУ.

Имаше многу зборови за правдата, но молчи за притисокот врз претседателот на Врховниот суд.

Она што тој им го должи на граѓаните за објаснување е дека плановите за враќање на Груевски му биле склопени во кабинетот и тоа тој го чувал и криел од граѓаните.

Дополнително, тој мора да го објасни и својот став против поддршката на Александар Вучиќ на изборите во Србија, што претставува исклучително голем проблем за Албанците во Северна Македонија.

Како заклучок, можеме да кажеме дека претседателот Пендаровски на крајот на мандатот беше претседател со добро спакувани изјави, но останува без резултати и не успеа во пракса. Ова е и причина Европскиот Сојуз за Промени да излезе со свој кандидат на претседателските избори, додека јасно знаеме зошто ДУИ продолжува да се крие зад кандидатот на СДСМ - јасно им е дека народот треба заедно да ги казни на избори.


Фото: ЕСП

Европски Сојуз за Променa

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан