• вторник, 05 ноември 2024

Европски држави испорачаа медицинска опрема за Иран

Европски држави испорачаа медицинска опрема за Иран
- Франција, Германија и Велика Британија потврдија дека Инстекс успешно ја спроведе својата прва трансакција и овозможи извоз на медицинска опрема од Европа за Иран, се наведува во соопштението. Министерството во Берлин нагласи дека производите се пристигнати во Иран и се работи на други испораки во рамки на овој механизам. Не се соопштени детални податоци за опремата, ниту кои фирми се вклучени во трансакциите. Механизмот Инстекс е формиран од Европејците во јануари 2019 година, со цел да се избегнат американските санкции против Иран. Иран е тешко погоден од пандемијата на коронавирусот, од кој, според најновите податоци, се заразени околу 40.000 луѓе, додека 2.757 лица се починати. гт/

Остани поврзан