• петок, 22 ноември 2024

Европскиот суд за човекови права ја осуди Романија за бавното враќање на национализиран имот

Европскиот суд за човекови права ја осуди Романија за бавното враќање на национализиран имот
Букурешт, 8 ноември 2022 (МИА) - Европскиот суд за човекови права денеска пресуди против Романија во врска со враќањето на имотот национализиран од поранешниот комунистички режим, оценувајќи дека тоа не се спроведува доволно ефикасно. Иако државата во 2013 година донесе нов закон за да овозможи враќање или исплата на отштета за национализиран имот, „механизмот за враќање и понатаму не е доволно оперативен и хомоген“, смета судот. Во 2017 година до судот се обратија 53 државјани на Романија, кои добија конечна судска одлука за враќање одземен имот или надоместок за истиот. Но и покрај тоа, тие не добиле враќање на сопственоста или доволен надомест. „Судот го смета за клучно тоа Романија да продолжи да настојува да ги усогласува нејзините законодавство и пракса со заклучоците што ги донесе Судот во оваа пресуда и со неговите соодветни закони“, се наведува во пресудата. Судот пресуди Романија да им исплати отштета на тужителите до 10.000 евра за морална штета. бд/сд/

Остани поврзан