• понеделник, 23 декември 2024

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Скопје, 17 ноември 2024 

По повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, под мотото „Тестни се!

Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18-23 ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно.

Истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни. 

Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува  ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата по сексуален начин. Антиретровирусната терапија покрај тоа што им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос. 

Резултатите се доверливи и се добиваат за само 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија. 

Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на ул. „Елисие Поповски Марко“ бр.2, од 18 до 23 ноември секој работен ден од 15 - 18ч. и сабота од 12 -15ч. 
Термин за бесплатно тестирање можете да закажете на телефонскиот број 02/ 3176 – 950, или онлајн на следниов линк: https://hera.org.mk/onlajn-zakazuvanje-pregled/ 
 
Европската недела на ХИВ тестирање, која ќе се одржи од 18 до 25 ноември, им нуди на партнерите низ Европа единствена можност да се обединат за да ја зголемат свеста за придобивките од раното тестирање за ХИВ, хепатитис и СПИ кај оние кои се изложени на ризик и да промовираат зголемен пристап до тестирање. Оваа иницијатива нуди бесплатни, анонимни и доверливи тестирања за ХИВ на различни локации низ државата.

ХЕРА

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан