• сабота, 29 јуни 2024

Евертон подготвува понуда за италијански напаѓач

Евертон подготвува понуда за италијански напаѓач
Ливерпул, 8 јуни 2020 (МИА) - Евертон подготвува понуда вредна 44 милиони фунти за напаѓачот Андреа Белоти од Торино. Менаџерот на англискиот клуб Карло Анчелоти навистина ја сака играта на Белоти и дури двапати направи неуспешни обиди да го привлече кога беше тренер на Баерн (Минхен) и Наполи. Дваесет и шест-годишниот италијански интернационалец има постигнато 72 голови во Серија „А“ во последните пет сезони, вклучувајќи и девет на 23 одиграни натпревари оваа сезона. За напаѓачот се заинтересирани и Наполи, Фиорентина и Милан.

Тагови

Остани поврзан