Евакуација во Келн поради бомба од Втората светска војна
- Во Келн е пронајдена американска бомба од Втората светска војна, тешка 500 килограми, која денеска ќе биде деактивирана и поради тоа е наложена евакуација на железничката станица, зградата на
Берлин, 21 јануари 2020 (МИА) - Во Келн е пронајдена американска бомба од Втората светска војна, тешка 500 килограми, која денеска ќе биде деактивирана и поради тоа е наложена евакуација на железничката станица, зградата на операта, телевизијата и неколку куќи.
Експлозивната направа е пронајдена синоќа при градежни работи во близина на реката Рајна во центарот на Келн.
Поради деактивирањето на бомбата ќе биде нарушен и речниот и воздушниот сообраќај. Локалните власти планираат да го затворат и мостот преку реката Рајна, каде минуваат повеќето возови до главната железничка станица во Келн. гт/