• недела, 22 декември 2024

Дуплантис направи пародија на турскиот стрелец по победата на Олимпијадата со светски рекорд

Дуплантис направи пародија на турскиот стрелец по победата на Олимпијадата со светски рекорд

Париз, 6 август 2024 (МИА) - Двократниот олимписки шампион во скок со стап Арманд Дуплантис ја рекреираше виралната фотографија на турскиот стрелец Јусуф Дикеч.

Откако Швеѓанецот синоќа постави нов светски рекорд, со левата рака во џеб застана во позиција од која Дикеч стрелаше на олимпискиот турнир.

Дваесет и четиригодишниот Дуплантис освои златен медал на Игрите во Париз, станувајќи двократен олимписки шампион. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан