ДУИ упати честитки до Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 20 ноември 2024
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО.
Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди.
Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија.
Г-ѓа Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност, и уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено на оваа висока функција.
ДУИ
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото МИА архива