• понеделник, 25 ноември 2024

Дубровник планира радикално намалување на бројот на такси возила за да ги намали сообраќајните гужви

Дубровник планира радикално намалување на бројот на такси возила за да ги намали сообраќајните гужви

Дубровник, 30 август 2024 (МИА) - Хрватскиот град Дубровник започна акција против таксистите, кои според властите се премногу на улиците и предизвикуваат сообраќајни гужви. Како што соопштија, бројот на такси возила планираат да го намалат од неколку илјади на 700.

Таксистите тврдат дека не се единствените кои предизвикуваат гужви и дека ова е чиста дискриминација.

Дубровник е првиот град во Хрватска кој воведува зона со посебен сообраќаен режим. Целта е да се намалат гужвите околу историското јадро, но и да се воспостави ред. Тестната фаза започнува на 1 септември, а целосната примена ќе биде од 1 март. До самите ѕидини ќе можат да се приближат само оние со дозвола, пренесува Dnevnik.hr.

- Во моментов имаме 9000 такси возила, а целта е до 1 март да ги сведеме на 700, изјави градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ.

Иако таксистите не се противат на најавата за намалување на бројот на возила, спорен им е начинот на кој ќе се избира кој ќе добие дозвола.

Таксистите сметаат дека проблемот со сообраќајот во Дубровник е многуслоен и го повикуваат надлежниот министер на дијалог. ссм/

фото: архива

Остани поврзан