• понеделник, 23 декември 2024

ДСЗИ: Инспекцискиот надзор во штипската болница сè уште е во тек

ДСЗИ: Инспекцискиот надзор во штипската болница сè уште е во тек

Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Инспекцискиот надзор во Клиничката болница Штип за починатиот пациент од Берово сè уште е во тек, а дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот побарал лекарска помош, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

- Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сè уште во тек. Дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзана со лекувањето на пациентот, се вели во соопштението. По завршувањето на инспекцискиот надзор од ДСЗИ велат дека ќе биде изготвена комплетна информација за констатирана фактичка состојба. Од страна на ДСЗИ, исто така ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надзор до Министерот за здравство. Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациентот Ј.Д. од Берово по извршена хируршка интервенција на заб. ки/са/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан