• вторник, 26 ноември 2024

Дружба на ученици и млади со церебрална парализа за подигање на екосвеста

Дружба на ученици и млади со церебрална парализа за подигање на екосвеста

Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Во организација на средното училиште „Арсени Јовков“  и Совет на родители на деца и лица со церебрална парализа „Златни ангели“, денеска се одржа настан за подигање на свесноста за здрава животна средина кај средношколците во насока на создавање нова еко генерација.

На настанатот учествуваше и градоначалничката на Скопје  Данела Арсовска.

Учениците имаа можност преку дружба со младите со церебрална парализа преку музика и песна со цел подигање на свесноста за потребата од зголемена инклузија, да се запознаат со потребите од активно учество за здрава животна средина, по што следуваше заедничка акција за чистење и садење садници во училишниот двор, соопшти прес-службата на Град Скопје./

Остани поврзан