• четврток, 21 ноември 2024

Државјани на Северна Македонија од недела во Холандија ќе влегуваат со сертификат, тест и задолжителен карантин

Државјани на Северна Македонија од недела во Холандија ќе влегуваат со сертификат, тест и задолжителен карантин
Скопје, 3 септември 2021 (МИА) – Холандија од утре ја става Северна Македонија како земја со висок ризик. Патниците од Северна Македонија кои се целосно вакцинирани од утре ќе можат и понатаму да влезат во Холандија, но ќе треба да го почитуваат и правилото за задолжителниот карантин од десет дена. Од 6 септември, пак, за патниците од Северна Македонија нема да биде доволен доказот за вакцинација. За влез во Холандија ќе мора да приложат и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа пред поаѓање или брз антиген тест, не постар од 24 часа. Во оваа група на области од висок ризик спаѓаат и Косово и Црна Гора. ки/ац/

Остани поврзан