• вторник, 13 јануари 2026

Државниот завод за ревизија ја донесе и на својата веб страница ја објави Годишната програма за работа на ДЗР за 2026. година

Државниот завод за ревизија ја донесе и на својата веб страница ја објави Годишната програма за работа на ДЗР за 2026. година

Скопје, 30 декември 2025 (МИА) - Согласно утврдените критериуми во Упатството за стратешко и годишно планирање на ревизиите, Државниот завод за ревизија во 2026 година планира да изврши најмалку 237 ревизии, и тоа: 217 ревизии на регуларност, 13 ревизии на успешност, 3 ревизии на усогласеност и 4 ревизии на спроведување на дадените препораки содржани во конечните ревизорски извештаи од претходниот период, се вели во соопштението од ДЗР кое МИА го објавува интегрално.

Од планираните ревизии согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година најмалку:

✔️ 4 (2%) ревизии се задолжителни и се вршат еднаш годишно согласно член 23 став 1 од Законот за државната ревизија;

✔️ 171 (72%) ревизии се задолжителни кои се вршат согласно Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик;

✔️ 27 ревизии (11%) се планирани врз основа на прифатени барања доставени од засегнати страни, согласно методолошките акти на ДЗР; и

✔️ 35 ревизии (15%) се планирани во согласност со стратешките документи, критериумите за избор утврдени согласно професионалните стандарди на ИНТОСАИ, како и критериумите поврзани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации, Националната развојна стратегија 2024–2044, препораките на ОЕЦД-СИГМА и расположливите човечки и финансиски ресурси за ревизија.

Линк до Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година:

https://dzr.mk/sites/default/files/2025-12/GP_2026_print_final_celosna_za%20web.pdf

 

ДЗР

Остани поврзан