• вторник, 05 ноември 2024

Дресен триумфира на спустот во Салбах-Хинтерглем

Дресен триумфира на спустот во Салбах-Хинтерглем
Салбах-Хинтерглем, 13 февруари 2020 (МИА) - Томас Дресен го освои спустот од Светскиот куп во алпско скијање во австрискиот зимски центар Салбах-Хинтерглем. Германецот го остави зад себе со 0,07 секунди Швајцарецот Беат Фојц, а на две стотинки поназад се рангираше сонародникот на Фојц - Мауро Кавизел. Првите пет ги додадоа уште двајца „крстоносци“ - Карло Јанко и Нилс Хинтерман, а Норвежанецот Кетил Јансруд, Винсент Кричмаер од Австрија, Максенс Музатон, Јоан Клер од Франција и Норвежанецот Александар Омод-Килде беа меѓу првите десет. Фојц останува лидер во генералниот пласман за Малиот кристален глобус во дисциплината, а Дресен е втор со 194 поени зад Швајцарецот. Трет е Италијанецот Доминик Париз, кој доби тешка повреда на коленото за време на тренинзите и го пропушта остатокот од сезоната. Норвежанецот Хенрик Кристоферсен останува лидер во генералниот пласман на за големиот Кристален глобус, но неговата предност пред вториот - неговиот сонародник Омод-Килде - е само 21 поен. Трет на листата е Французинот Алекси Пинтуро со 842 поени.

Остани поврзан