• петок, 22 ноември 2024

„Дојче веле“: Фабриките во Шангај работат, работниците јадат и спијат во производните хали

„Дојче веле“: Фабриките во Шангај работат, работниците јадат и спијат во производните хали
Шангај, 31 мај 2022 (МИА) – Фабриките во Шангај смеат да работат под услов вработените воопшто да не ги напуштаат, така што луѓето со седмици работат, но и јадат и спијат во производствените погони на „Волксваген“, „Сименс“ и на други големи фирми, пишува „Дојче веле“. Германскиот медиум објавува сторија за неименуван вработен во „Кванта компјутер инц“ во Шангај, кој со седмици престојува на работното место. Тенок картон и на него вреќа за спиење, тоа е неговиот кревет сместен меѓу два производни погони. Името намерно не го соопштува стравувајќи да не биде отпуштен од тајванската фирма што испорачува компоненти за американскиот „Ејпл“. Од избувнувањето на короната во кинеската метропола тој не може да ја напушти фабриката. Заедно со уште две илајди работници веќе еден месец се на работа. Откако беа затворени сите фабрики, компаниите добиваат дозвола за работа од властите, но под услов работникот што ќе дојде на работа повеќе да не смее да излегува надвор од фабричкиот круг. Шангај е стопанскиот центар на Кина, кога таму работата стои тоа се чувствува насекаде низ светот, пишува „Дојче веле“. „Повеќето од четирите илјади фирми што повторно смеат да работат се клучни за автомобилската индустрија, машинството, хемиската или фармацевтската бранша“, изјави Бетина Шон-Баханзин, потпретседателката на Европската стопанска комора во Кина. Таа додава дека повеќето од компаниите сега работаат само со третина или половина од капацитетите. Речиси третина од фирмите во кои работниците се изолирани во производството се странски компании. „Според нашите информации, моментално не е можна ниту ротација на работниците“, вели Шон-Баханзин која и самата два и пол месеци е во изолација во нејзиниот стан во Шангај. „Кој ќе влезе во фабрика, таму останува. Луѓето смеат да излезат само во случај на болест. Можете да замислите колкав е тоа прихолошки притисок“, вели таа. Производните хали се претворени во спални. На некои места се појавија шаторски кампови. Управата на фабриките поставува импровизирани бањи, вработените одат таму со сапун и паста за заби. „Имаше трка кој да добие врежа за спиење и постелнина“, вели Петер Вилемсен, претседател на кинеската филијала на „Рајнметал“, германскиот производител на оружје и делови за автомобили. аб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан