• вторник, 05 ноември 2024

Доцнењето на мермерните плочки го пролонгира завршувањето на градскиот плоштад во Кичево

Доцнењето на мермерните плочки го пролонгира завршувањето на градскиот плоштад во Кичево
Кичево, 28 април 2022 (МИА) - Се уште не се испорачани мермерните плочки за градскиот плоштад во Кичево, иако беше најавено дека ќе пристигнат најдоцна до средината на април. Од компанијата изведувач  има најави дека наредната недела се очекува плочките да пристигнат и да продолжи реконструкцијата на градскиот плоштад. - Нашите очекувања дека уште пред дваесетина дена ќе пристигнат мермерните плочки од Босна за градскиот плоштад во Кичево се уште не се остварени.Од добавувачот има ветување дека и тие се заинтересирани што поскоро да бидат испорачани овие плочки и да очекуваме дека тоа ќе се случи најдоцна за недела-две, по што ќе започнеме со нивно поставување на целата површина на градскиот плоштад во Кичево или на околу 6500 метри квадратни, вели Љупче Матески, одговорно лице од компанијата изведувач „Ас-Сењак“ од Кичево. Тој потсети дека во претходните месец и половина извадени се старите бекатон плочки на половина од  градскиот плоштад, каде наскоро треба да се постават нови фундаменти за канделабрите и по пристигнувањето на мермерните плочки ќе продолжи реконструкцијата на градскиот плоштад. за/цр

Остани поврзан