• петок, 05 декември 2025

Дончиќ остана во Словенија, Шредер ќе биде во составот на Германија

Дончиќ остана во Словенија, Шредер ќе биде во составот на Германија

Љубљана, 10.август 2025 (МИА) - Првата ѕвезда на словенечката кошаркарска репрезентација и играч на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ нема да биде во составот за контролниот натпревар со Германија во Мајнхам. Покрај Дончиќ во Љубљана остана и Едо Муриќ.

За разлика од Словенија светскиот првак Германија ќе биде засилен бидејќи во составот ќе биде Денис Шредер, кој го „прескокна“ првиот дуел во Љубљана. 

Инаку, словенечката репрезентација ја очекуваат уште три натпревари како дел од подготовките за Евробаскетот, од кои два на гости со Литванија и Летонија, како и последната контрола дома со Велика Британија.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан