• сабота, 23 ноември 2024

Донев: Гасоводот меѓу Грција и Бугарија е исклучително важен за регионот

Донев: Гасоводот меѓу Грција и Бугарија е исклучително важен за регионот
Софија, 1 октомври 2022 (МИА) - Во Националната палата на културата во Софија започна церемонијата за официјално пуштање во употреба на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ), чиј домаќин е бугарскиот претседател Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на церемонијата присуствува и претседателот Стево Пендаровски, кој пристигна во салата заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и неговиот бугарски колега Радев. По нив во салата влегоа претседателите на Азербејџан и на Србија, Илхам Алијев и Александар Вучиќ и премиерите на Грција и на Романија, Киријакос Мицотакис и Николае-Јонел Чука. Форумот го отвори бугарскиот премиер Галаб Донев, кој истакна дека гасоводот меѓу Грција и Бугарија има исклучително сериозна димензија, не само во однос на економиите на Бугарија и Грција, туку и за регионот во целина. - Гасоводот ги надминува границите на двете соседни земји, бидејќи ќе отвори нови можности во енергетиката на широк регионален план. Ситуацијата во светот е комплицирана, особено по почетокот на војната во Украина, рече Донев, додавајќи дека Бугарија го поддржува договорот меѓу Азербејџан и ЕУ. На церемонијата присуствуваат и еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон, извршните директори на проектната компанија „ИЦГБ“, Теодора Георгиева и Јоргос Сатлас, како и поранешните претседатели на Бугарија, Петар Стојанов и Георги Парванов. Интерконекторот е со вкупна должина од 182 километри, од кои на бугарска територија се 140 километри и ги поврзува системите за пренос на гас на Бугарија и Грција, вклучувајќи го и Трансјадранскиот гасовод. Вкупната вредност на гасоводот е над 240 милиони евра, кои ги обезбеди Европската комисијата за претпролетни истражувања во 2010 година. нк/сп/

Остани поврзан