• понеделник, 23 декември 2024

Донација за ковид пациентите и персоналот на клиниките за инфективни болести и за неврологија

Донација за ковид пациентите и персоналот на клиниките за инфективни болести и за неврологија
Скопје, 30 април 2021 (МИА) - Компанијата „Макстил“ за ЈЗУ Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби донираше ленти за мерење шеќер во крвта за пациентите погодени од Ковид-19, а на ЈЗУ Клиниката за неврологија заштитни медицински униформи за здравствениот персонал. Од компанијата соопштија дека донацијата соодветствува на потребите на клиниките, кои се зголемуваат од ден на ден како за пациентите, така и за здравствениот персонал. -Лентите за мерење шеќер во крвта се неопходни за пациентите погодени од Ковид-19, заради можноста од зголемување на нивото на шеќер во крвта како последица на терапијата на која се подложени. Додека пак, новите медицински униформи беа приоритет за  здравствениот персонал на Клиниката за неврологија, којашто веќе шест месеци е Ковид центар, период во кој забрзано се трошат ресурсите неопходни за подобро справување со моменталната состојба, се вели во соопштението.лв/aa/  

Остани поврзан