• вторник, 17 декември 2024

ДОМ со условена поддршка за Владата

ДОМ со условена поддршка за Владата

Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Централниот одбор на зелената партија на денешната седница донесе одлука ДОМ да ја поддржи предложената реконструкција на Владата, како што велат, во интерес на македонските евроинтеграциски процеси.

-Услов за поддршката на Владата и на парламентарното мнозинство е во првите 100 дена да започне процесот на ветинг и да се спроведе конфискација на нелегално стекнатиот имот заради ефикасна борба против корупцијата, да продолжи собраниската процедура за измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи и 50 отсто жени на листите и да се интензивира користењето на обновливи извори на енергија преку формирање на енергетски задруги, за граѓаните да станат производители на електрична енергија, како и формирање Фонд за енергетска ефикасност, информираат од ДОМ. вј/нд/

Остани поврзан