• вторник, 05 ноември 2024

Документарeцoт за Клеопатра на Нетфликс со рекордно ниски оценки

Документарeцoт за Клеопатра на Нетфликс со рекордно ниски оценки

Лос Анџелес, 16 мај 2023 (МИА) - Документарната мини-серија „Кралицата Клеопатра“ (Queen Cleopatra) на Нетфликс добива рекордно ниски оценки, покрај лошите критики кои ја следат уште по најавата на серијата. Остварувањето се појави на Нетфликс на 10 мај.

На интернет-страницата за оценување телевизиски и киноостварувања, „Ротен томатос“, 10 отсто од критиката и само два насто од гледачите го препорачуваат документарецот.

На Семрежната база на филмски податоци - ИМДБ, од вкупно над 47.000 оценувачи, серијата има оценка 1,1 / 10.

Серијата и пред премиерата навлече критики, најмногу поради изборот на глумица за насловната улога - Адел Џејмс, која е со делумно африканско црнечко потекло. Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“, а и еден од најпознатите археолози во земјата, Захи Хавас стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“.

Родена во Александрија во 69 година п.н.е., Клеопатра Седма била последната владетелка од династијата на Птоломеј Први, генералот на Александар Македонски. Таа на престолот го наследила нејзиниот татко Птоломеј Дванаесетти и владеела од 51. година п.н.е. и владееше до нејзината смрт во 30. година пр.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација.

Припадниците на Птоломејската династија, говореле повеќе јазици, според Плутарх, меѓу коишто и древномакедонски, старогрчки, но и сириски, медски, етиопски јазик, а самата таа знаела најмалку девет јазици и била меѓу ретките владетели од Птолемаидите кои научиле и древноегипетски јазик. си/

Фото: Јутјуб, фотоисечок. 

Остани поврзан